“6 МАЈ” е увозник и дистрибутер на репроматеријал и опрема за графичка индустрија.
Формирана во 1991, 6 Мај има повеќе од 30 години искуство во графичката индустрија. На почетокот 6 Мај се фокусира само на хартија и тоа етикетна и за флексо печат.
Прв бренд со кој се поврзал е Вевче, индустрија фокусирана на етикетна хартија и хартија за флексо печат од Љубљана.
Понатаму станува застапник на многу други брендови од областа на графиката. Како официјален дистрибутер на најголемите прозводители, на нашите партнери можеме да им понудиме високо квалитетни графички материјали и опрема. Постојано следиме нови технологии, трендови и иновации во печатењето со цел да ги задоволиме потребите и желбите на нашите клиенти. Можеме да понудиме постојана професионална поддршка и советување за изборот на материјали, инсталирање на нова опрема, сервис, обука, и одржување.