МЕШАЛНА НА БОИ

Во нашето производство за бои мешаме офсетни табачни бои како и водени бои за флексо печат. Боите се формулираат според Pantone карта или според примерок од клиентот.
Во рамките на мешалната за офсетни бои располагаме со:
  • 2 прецизни ваги со точност од 0,01 гр.
  • 2 миксери, од кој поголемиот е со капацитет до 10кг
  • Уред IGT Simply Offset Proofer за извлекување на пробен отисок 
  • Спектрофотометар X RITE eXact Advanced
Во процесот на мешање на офсетните бои се користат исклучиво висококвалитетни бои од произведувачот Flint Group.
Во рамките на мешалната за водени флексо бои располагаме со:
  • Пумпи со систем за прецизно дозирање на бои
  • Прецизна вага
  • Клучеви за извлекување на отисок
  • Спектрофотометар X RITE eXact Advanced
  • Светлосен стол за контрола на боите
Во процесот на мешање на водените флексо бои се користат исклучиво висококвалитетни бази и лакови од произведувачот Sun Chemical
За секоја произведена количина и нијанса се чуваат отисоци како и исчитани параметри заради контрола на квалитетот и конзистентност при идни нарачки.
Контакт: Илија Гајдов +389 70 363 043